Скалони призна: Шпанија беше подобра, овој пораз многу нè боли!
Скалони призна дека „гаучосите“ биле целосно надиграни на теренот и ова е болен пораз за нив.
„Тажни сме, но дадовме сè од себе. Вечно ќе им бидам благодарен на овие фудбалери, кои се бореа до крајот. Шпанија беше подобра, тоа е вистината, но засекогаш ќе го паметам овој тим. Поразот нè боли многу. Мора да бидеме големи и во поразот“, кажа Скалони.
Шпанија успеа да ја победи Аргентина по 120 минути игра и голот на Феран Торес.
Фото: Facebook/Selección Argentina in English