Каков „хет-трик“: Само еден Шпанец освои Европско првенство, Олимписки игри и Мундијал!
Селекторот Луис де ла Фуенте очигледно многу го цени и не случајно му даде толку важна улога во својот систем, но и во проектот на шпанскиот фудбал. Баена беше единствениот играч кој летото 2024 година, по освојувањето на Европското првенство, веднаш замина со репрезентацијата до 23 години на Олимписките игри и таму стигна до златниот медал.
Во тој тим беа и Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Жоан Гарсија и Фермин Лопез, но ниту еден од нив не доби повик за Европското првенство во Германија.
Со тоа Баена стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да го комплетира овој неверојатен „хет-трик“ во низа, Европско првенство, Олимписки игри и Светско првенство, и тоа во период од само две години.
Слично достигнување имаат остварено и јужноамериканските ѕвезди, Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Аргентинците во своите кариери освоија Светско првенство, две титули на Копа Америка (2021 и 2024), како и златен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.
Но, за разлика од нив, на кои им беа потребни 16 години за да ги освојат сите трофеи, Баена успеа да го постигне тоа за само две години.