МЗТ, ТФТ и дебитантот Маџари ги дознаа ривалите во АБА2 лигата!
На денешната ждрепка македонските екипи ги добија и противниците во групната фаза, МЗТ Скопје ќе биде сместен во групата „Ц“ каде што ќе води битки со Сутјетска, Слобода Уќица и Триглав Крањ.
Маџари во својата прва сезона во ова натпреварување ќе игра против Војводина, Борац и Морнар групата „А“.
ТФТ е сместен во групата „Б“ која е единствената со пет екипи, па тимот од Тафталиџе ќе игра против Слобода, ГГД Шенќур, Херцеговац и Подгорица.
