Готово: Модриќ донел конечна одлука за иднината во хрватската репрезентација!

Лука Модриќ продолжува да игра за репрезентацијата на Хрватска и ќе се најде на списокот на селекторот Славен Билиќ за претстојниот циклус од Лигата на нации.

Како што објави „РТЛ“, повикувајќи се на извори блиски до Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), токму враќањето на Билиќ на селекторската функција било клучен фактор во одлуката на Модриќ да продолжи со настапите за „коцкестите“.

Искусниот фудбалер ќе биде од непроценливо значење за хрватската репрезентација, која уште на стартот од натпреварувањето ја очекуваат тешки пресметки со светскиот шампион Шпанија и со Англија.

Модриќ досега одигра 202 официјални натпревари во дресот на хрватската репрезентација и стана фудбалер со најмногу настапи во историјата на националниот тим.