Премија од 100.000 евра за Вардарци ако ја минат Рига

Раководството на Вардар одвои богата награда за фудбалерите како мотивација плус пред мечот против Рига во рамките на второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Фудбалерите на македонскиот шампион ќе поделат 100.000 евра доколку се пласираат во третото коло од квалификациите.

Вардар првиот меч против Рига го игра утре (среда) со почеток од 20 часот на Градски во Скопје. Реваншот е на 28 јули во Летонија.

Директен пренос од утрешниот натпревар ќе може да следите на Арена Македонија.