Винициус по срамната елиминација на СП го смени личниот опис и тоа - буквално (ФОТО)
Бразилските медиуми објавија дека 26-годишниот офанзивец по настапот на СП 2026, на кои „кариоките“ беа елиминирани уште во осминафиналето од Норвешка (1-2), направил естетска интервенција, со која сакал да ја нагласи линијата на вилицата и да ја обликува брадата. Станува збор за процедура позната како „хармонизација на лицето“, која во последните години стана исклучително популарна меѓу јавните личности. Целта на третманот е да се постигне подобра симетрија и поизразени контури на лицето, без потреба од класична хируршка интервенција.
Процедурата била изведена во неговата татковина, а најголемите промени се забележуваат токму во долниот дел од лицето, каде што линијата на вилицата сега изгледа многу поизразено. Новиот изглед на Винисиус веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што навивачите ги споредуваат неговите фотографии пред и по естетската процедура.