Не беше како останатите: Само еден Аргентинец ги испочитува Шпанците (ВИДЕО)
Станува збор за Хозе Мануел Лопез, попознат како Флако, напаѓач на бразилски Палмеирас, кој на Светското првенство настапи на два натпревари и забележа една асистенција.
Откако Шпанија со 1-0 ја совлада Аргентина во финалето и ја освои светската титула, аргентинските репрезентативци тешко го прифатија поразот и останувањето без шампионскиот трофеј.
По последниот судиски свиреж следуваа тензични сцени и физичка пресметка на теренот, а за време на церемонијата на доделување на трофејот на шпанската репрезентација, аргентинските фудбалери покажаа недостиг од спортски дух и почит. Наместо достоинствено да го испочитуваат најважниот момент за противникот, тие свртеа грб на доделувањето на трофејот.
За разлика од своите соиграчи, Флако Лопез остана мирно да стои и со почит ја проследи прославата на новите светски шампиони. Неговиот потег беше во духот на фер-плејот, исто како што претходно шпанските фудбалери им направија шпалир на Аргентинците при доделувањето на сребрените медали.
Tem que respeitar José Manuel “Flaco” Lopez o único que respeitou título da Argentina. Papai Abel Ferreira deve estar feliz. pic.twitter.com/MKui64cRFg
— Primo (@primorebechi) July 21, 2026
Иако ваквиот гест би требало да биде сосема нормален во спортот, поради случувањата по финалето, постапката на Флако Лопез стана вирална на социјалните мрежи и беше поздравена од голем број фудбалски навивачи ширум светот.
Grande lo del “Flaco” López.
— Xavier Sol la Lande (@XaviSol_) July 20, 2026
El único argentino que no le dio
la espalda al campeón España.
Valores en el deporte,
en la victoria y en la derrota. pic.twitter.com/xzkTjeEot3