ФИФА потврди: Винчиќ не му покажал црвен картон на тепачот Паредес!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека словенечкиот судија Славко Винчиќ не му доделил црвен картон на Леандро Паредес по хаосот што настана по завршувањето на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина.

Иако првичните информации од дел од медиумите беа дека аргентинскиот репрезентативец бил исклучен, тоа не се случило.

Паредес беше еден од главните актери во масовната турканица по последниот судиски свиреж, кога физички се пресмета со Ерик Гарсија и Гави. Сепак, во официјалниот записник од натпреварот не е заведено негово исклучување, а единствениот црвен картон останува оној на Енцо Фернандес, кој беше исклучен уште во судиското продолжение поради втор жолт картон.

И покрај тоа што не доби црвен картон на теренот, Паредес не е ослободен од одговорност. ФИФА отвори дисциплинска постапка за инцидентите по натпреварот, а аргентинскиот играч би можел дополнително да биде санкциониран по разгледувањето на извештаите и видео-снимките.