Перез ја стопира „бомбата“: Родри не е опција за Реал Мадрид
Според трансфер-експертот Фабрицио Романо, фудбалерот на Манчестер сити е заинтересиран да се врати во Шпанија и сон му е да го облече дресот на „кралскиот клуб“. Сепак, претседателот на Реал, Флорентино Перез, не е подготвен да влезе во преговори и токму тој го блокирал евентуалниот трансфер ова лето.
Во меѓувреме, Манчестер сити уште од април му понудил нов договор на 30-годишниот играч за врска, чиј актуелен договор истекува следното лето, но Родри сѐ уште нема дадено конечен одговор.
Интересно е тоа што Родри е дете на Атлетико Мадрид, а во минатото настапуваше и за Вилјареал, пред во 2019 година да се пресели во Манчестер сити. Исто така, неговото име беше во центарот на вниманието и поради изборот за освојувач на „Златната топка“ во 2024 година, кога Реал Мадрид јавно го бојкотираше доделувањето на наградата.