Клуб од Серија А тргнува по Ливаковиќ!

Според турските медиуми, Торино му се приклучува на Динамо Загреб во трката по хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ.

Хрватот сака да го напушти Фенербахче ова лето, а турскиот клуб сака за неговото заминување да добие околу 5-6 милиони евра.

Фенербахче веќе одби понуда од Динамо Загреб во висина од три милиони евра и уште милион во бонуси. Турскиот клуб бара повеќе пари.

Ливаковиќ имаше одлично Светско првенство, беше еден од клучните фудбалери на Хрватска.

Преговорите меѓу Динамо Загреб и Фенербахче траат веќе извесно време, а исходот би требало да биде познат наскоро.

Во меѓувреме Торино се вклучува во трката и може да му ги расипе математиките на Динамо.