Teшки обвинувања за Олисе: Има ќерка која не сака ниту да ја види!

Ѕвездата на Баерн Минхен и француската репрезентација, Мајкл Олисе се најде во центарот на внимание поради неговиот приватен живот.

Причината е тврдењето на 34-годишната Германка Фатима Заунбрехер, која објави дека има 20-месечно дете чиј биолошки татко, според неа, е токму фудбалерот на Баерн Минхен. 

Фатима се огласи по завршувањето на Мундијалот и изјави дека Олисе не сака ниту да го види нивното дете, а според неа, не плаќа ниту алиментација.

Таа раскажа дека со Олисе се запознала во 2022 година, дека биле во врска две години и дека двапати останала бремена пред нивниот раскин. Според нејзините зборови, тестот за татковство покажал дека Олисе е таткото.

Заунбрехер тврди дека фудбалерот никогаш не покажал желба да го запознае детето и дека не ѝ испратил финансиска помош за трошоците.

Фатима е Германка со потекло од Мароко и живее во Дизелдорф и пред оваа приказна не беше позната во јавноста. За бременоста дознала две недели по раскинувањето со Олисе кој во тој период живееше во Англија и го носеше дресот на Кристал палас.

Според нејзините тврдења, Олисе никогаш не ја запознал ниту ја видел ќерката Алија Нур, а комуникацијата меѓу нив се одвивала исклучиво преку адвокати. Првично била предложена алиментација од околу 836 евра месечно, а подоцна сумата била зголемена на 2.000 евра. Сепак, Заунбрехер тврди дека досега не добила никакви уплати.

Од друга страна, претставниците на францускиот фудбалер ги отфрлија овие обвинувања. Тие наведуваат дека Олисе од самиот почеток понудил финансиска поддршка, дури и над износите предвидени според германските законски стандарди и дека сакал случајот да се реши мирно.

Неговиот тим исто така тврди дека Заунбрехер преку француски судови побарала значително поголема месечна алиментација, наводно во износ од 60.000 евра.