Ѓорческа и сите останати тенисерки ќе мора да докажат дека се - вистински жени!
Ова, секако, важи и за нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, која исто како и сите други ќе мора да направи еднократно тестирање на „SRY генот“, кое може да се изврши со брис од усната шуплина или со примерок од крв. По извршената проверка, тенисерките нема да имаат потреба повторно да се тестираат.
ВТА со ова ги менува досегашните правила, според кои право на настап имаа и трансродови жени, под услов да направиле медицинска транзиција и најмалку две години да одржувале ниво на тестостерон под пропишаната граница. Во моментов нема познати активни тенисерки на ВТА турнејата кои се трансродови. Најпознат пример во историјата останува Рене Ричардс, која по транзицијата настапуваше на ВТА турнирите од 1977 до 1981 година, а подоцна беше и тренерка на легендарната Мартина Навратилова.
Одлуката на ВТА доаѓа во период кога сè повеќе меѓународни спортски федерации ги преиспитуваат правилата за подобност на натпреварувачите во женска конкуренција, со цел да воспостават единствени критериуми за учество.