Стоперскиот тандем од шпанската репрезентација ќе се спои во Барселона!?
Според шпанските медиуми, спортскиот директор Деко веќе ја разгледува можноста за ангажман на искусниот стопер, кој неодамна со Шпанија ја освои светската титула. Идејата е Лапорт повторно да формира стоперски тандем со младиот Пау Кубарси, со кого одлично функционираше во националниот тим
По заминувањето на Ињиго Мартинез, Барселона не успеа да најде идеален партнер за Кубарси. Шанса добиваа Ерик Гарсија, Роналд Араухо и Жерард Мартин, но никој не се наметна како трајно решение.
Лапорт, кој има 32 години, моментално настапува за Атлетик Билбао, а неговата откупна клаузула изнесува 15 милиони евра. Во Барселона веруваат дека неговото искуство, лидерски квалитети и одличната игра со топка би донеле дополнителна сигурност во последната линија на тимот на Ханси Флик.