Иднината е ужасна: Ватерполо „талентите" на пет меча во Солун примија 138 гола, а дадоа - СЕДУМ (ВИДЕО)

Македонија не е земја позната по добри резултати ватерполо, но последните резултати на Балканското првенство во Солун каде што настапуваше селекцијата до 16 година се благо кажани ужасни и треба да бидат сериозен аларм за луѓето кои го водат овој спорт кај нас.

Нашите „таленти“ не само што ги загубија сите пет дуели против Бугарија, Унгарија, Грција и Србија, туку во нив примија дури 138 голови, а постигнаа само седум.

„Најефикасни“ бевме натпреварите со Бугарија и Турција кога сме постигнале по три погодоци, додека против Србија еднаш ја затресовме противничката мрежа.

Во средбите со Грција и Унгарија нашите ватерполисти не постигнале ниту еден гол, а најголемиот дебакл ни го нанесе Унгарија која против нас славеше со 41-0.

Дуелот со Бугарија го загубивме со 21-3, со Грција 25-0, против Србија 29-1, а од Турција бевме поразени со 22-3.