Јамал откри што му кажал Меси: Тие зборови вредат исто колку златниот медал
Јамал одигра уште еден фантастичен турнир и сега се враќа дома како светски шампион. Сепак, еден момент по натпреварот имаше посебно значење за него.
По последниот судиски свиреж, Јамал го побара Меси. Капитенот на Аргентина уште од најраните денови е негов идол, па шпанскиот напаѓач сакал да ја искористи шансата лично да му покаже колку го почитува.
„Тој е најдобриот играч во историјата и некој на кого отсекогаш сум се угледувал. По натпреварот сакав да му искажам почит“, објасни Јамал.
Младиот фудбалер призна и дека сè уште му е тешко да поверува низ каков пат поминал.
„Ако некој пред неколку години ми кажеше дека тука ќе го кренам трофејот на Светското првенство, откако сум играл против Лионел Меси, ќе мислев дека е луд“, изјави тој.
Сепак, најмногу го допреле зборовите кои Меси му ги кажал по финалето.
„Ми кажа да продолжам по својот пат и дека иднината ѝ припаѓа на нашата генерација. Тие зборови вредат исто колку и медалот што ми виси околу вратот“, откри ѕвездата на Барселона.
Lamine Yamal & Messi à la Fin du match 🥹❤️🫂 pic.twitter.com/sATclN5WE1
— 𝙔𝙖𝙢𝙖𝙡 𝙂𝙖𝙡𝙖𝙭𝙮 🌌 (@Yamalgalaxy_19) July 19, 2026