Провокација од Атлетико кон Барса - објави фотографија со Феран Торес (ФОТО)

Во екот на војната меѓу Барселона и Атлетико за Хулијан Алварез, мадридскиот клуб упати мала провокација кон својот ривал од Ла Лига.

Познато е дека Атлетико е силно заинтересиран за Феран Торес и сака да го купи без да го вклучи во евентуална зделка со Алварез, но Барселона сега не сака да слушне тоа.

Синоќа, по големата прослава на шампионската титула низ улиците на Мадрид, Атлетико на социјалните мрежи објави фотографијата на неговиот играч Марк Пубил кој го бакнува трофејот, но на истата фотографија е и напаѓачот на Барселона, Феран Торес. Многумина ова го сфатија како најава за финализиран трансфер на стрелецот на голот за титула во финалето на Светското првенство, но останува да се види дали и како на ова ќе реагира Барселона.\