Кукуреља потврди дека ќе го исполни лудото ветување кое го даде пред СП! (ФОТО)
Тој пред почетокот на Мундијалот вети дека ако го освои Светското првенство ќе го тетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на своето тело.
Колку и да е лудо и необично, Кукуреља потврди дека нема да бега од дадениот збор.
„Сега треба да размислам на кој дел од телото ќе ја ставам тетоважата од Луис де ла Фуенте. Ќе го направам тоа на видно место бидејќи луѓето ќе ме прашуваат. Ќе размислам за време на летот кон дома“, потврди Кукуреља.