Младинците победија за селекторот - остана со нив иако го загуби својот татко!
Селекторот на младите кошаркари одлучи да остане со екипата и да биде на клупата во еден од најтешките лични моменти, кога го загуби својот татко.
Токму затоа федерацијата оваа победа ја посвети на него и му изрази најдлабоко сочувство на неговото семејство.
„Првенството го завршуваме со позитивен скор од пет победи и два порази. Со денешната победа над Босна и Херцеговина го освоивме деветтото место, но искрено верувам дека тоа не е вистинската слика за оваа репрезентација. Во текот на целиот шампионат покажавме карактер, заедништво и квалитет, а со нашата игра докажавме дека заслужувавме многу повеќе.
Во име на целата екипа, сакам да кажам дека сите наши победи му ги посветуваме на нашиот селектор Никола Велев и на неговото семејство. Во овие најтешки моменти, енергијата, вербата и силата што тој секојдневно ни ги пренесуваше нам, денес му ги враќаме нему. Целиот тим е со него и со неговото семејство, со искрено сочувство и поддршка. Френки, оваа победа е за тебе “, порачаа од федерацијата.