Одбраната освојува титули: Шпанија прими само еден гол на Мундијалот!

Старата фудбалска изрека „нападот ги добива натпреварите, а одбраната освојува титули“ уште еднаш доби потврда. Новиот светски шампион Шпанија не блескаше само со својата игра во нападот, туку пред сè со неверојатната одбрана која ја однесе до најголемиот трофеј.

Шпанците на осум одиграни натпревари на Мундијалот примија само еден гол, што е најмалку примени погодоци од било која репрезентација која успеала да ја освои светската титула.

Посебно извонреден беше голманот Унаи Симон, но и дефанзивците на „црвената фурија“, кои си „дозволија“ да примат гол само од Белгија во победата од 2-1 во четвртфиналето на СП.

Фото: X/Selección Española Masculina de Fútbol