Аргентина пред жестока казна од ФИФА поради потег по финалето на СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина загуби во финалето на Светското првенство (СП) со 0-1 од Шпанија, но по натпреварот им се заканува жестока казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Според правилата на ФИФА, репрезентациите се должни да обезбедат одреден број на фудбалери кои ќе им бидат достапни на новинарите по натпреварите, а бидејќи Аргентина не ја исполнила обврската ѝ се заканува парична санкција.

Однесувањето на аргентинските репрезентативци по последниот судиски свиреж привлече големо внимание. Наместо да поминат низ микс-зоната, каде што ги чекаа новинарите, „гаучосите“ го напуштиле стадионот од спореден излез и тргнале кон автобусот.