Шпанија е на врвот на светот, Аргентина падна во продолженијата! (ВИДЕО)
Шпанија е новиот фудбалски владетел во светот, Шпанците одиграа доминантно Светско првенство и сосема заслужено дојдоа до тиулата.
Во денешното финале ја надиграа и ја победија Аргентина која немаше ниту еден шут кон голот на Симон пред да го прими погодокот од Шпанија.
Шпанците имаа неколку добри шанси во текот на регуларните 90 минути, но Аргентина успеа да се одбрани.
Во 93. минута Енцо Фернандез доби втор жолт картон и ја остави својата репрезентација со играч помалку во продолженијата.
Шпанија ја продолжи доминацијата, но немаше гол ниту по првото продолжение од 15 минути.
Конечно, на почетокот од второто продолжение Феран Торес даде гол по асистенција од Нико Вилијамс за водство на Шпанија од 1-0.
По примениот гол, Аргенинците конечно се разбудија и почнаа да мислат и на противничкиот гол. Во 120 минута ја имаа единствената шанса на натпреварот, Симеоне биеше над голот.
По последниот судиски свиреж славјето на Шпанија можеше да почне.