Рамос не заборавил да игра фудбал – веќе го постигна првиот гол за Монтереј (ВИДЕО)

Легендарниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос, го постигна својот прв гол за Монтереј, придонесувајќи за победата на својот тим во пресметката со Сантос Лагуна (4-2) во меч од елитната лига во Мексико.

Триесет и осумгодишниот Рамос, кој осум месеци беше надвор од фудбалот пред да се пресели во Монтереј, веднаш ја доби капитенската лента во новиот клуб. Голот го постигна во 57-мата минута со удар со глава, носејќи предност од 2-1 за својот тим. Ова беше втор натпревар на Рамос во дресот на Монтереј, а тој одигра целосни 90 минути.

По мечот, шпанската легенда ја изрази својата радост на социјалните мрежи.

„Среќен сум за оваа тешко извојувана победа и за мојот прв гол во овој дрес. Благодарност до навивачите за поддршката“, напиша Рамос.