Го нема Меси, - тука е „Пистолеро“: Суарез со гол и три асистенции го реши Хјустон (ВИДЕО)

Лионел Меси доби поштеда на гостувањето на Интер Мајами кај Хјустон Динамо, но неговиот тим сепак славеше со 4-1, остварувајќи ја првата победа во сезоната во МЛС.

Неговото отсуство го покри Луис Суарез кој одигра еден од своите најдобри натпревари откако е член на Интер Мајами. Уругваецот асистираше за првите три гола, а одличната партија ја круниса со погодокот во 79. минута, три минути пред да го напушти теренот како убедливо најдобар играч.

Два од останатите три гола реализира Сеговија, а еден Аљенде. Меси не играше поради тоа што во следните десетина дена Интер Мајами има три натпревари од кои два во КОНКАКАФ Лигата на шампионите и еден во МЛС.