
Сити останува најголем фаворит за трофејот во ФА Купот, но доби тежок ривал во четвртфиналето
Со оглед на тоа што речиси сите гиганти испаднаа, Манчестер Сити продолжува како најголем фаворит за трофејот што е и последна шанса за оваа екипа сезонава да ја заврши со пехар. Во четвртфиналето, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Борнмут кој е едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона имајќи предвид дека се уште е со шанси за пламсан и во Лигата на шампионите.
Единствениот второлигаш во оваа конкуренција Престон ќе ја пречека Астон Вила, а Брајтон својот ривал ќе го добие утре откако Ипсвич и Нотингем Форест ќе го дадат осмиот четвртфиналист.