
Кралот се сопна во Севиља, Иско му пресуди на Реал Мадрид! (ВИДЕО)
Реал Мадрид одлично го почна натпреварот, доминираше во воведниот дел и поведе уште во 10. минута по една одлична акција која ја реализираше Брахим Дијаз за водство од 1-0.
Потоа на сцена стапи поранешниот играч на Реал Мадрид кој сега е главна ѕвезда на Бетис, Иско.
По негова асистенција во 34. минута Џони Кардозо реализираше за израмнување на 1-1.
Брзо во второто полувреме беше досуден пенал за Бетис кој го реализираше токму Иско за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1, што беше и конечен резултат.
Ако Атлетико Мадрид вечерва на свој терен го победи Атлетик Билбао, кралскиот клуб ќе падне на третата позиција на табелата.