Тулуз го декласира Анже, Рен немаше милост за Монпелје

Вечерва беа одиграни уште три меча во Лига 1, при што убедливи победи запишаа Тулуз против Анже (4-0) и Рен против Монпелје (4-0).

Тулуз беше без муниција во првото полувреме, но затоа во вториот дел го „торпедира“ ривалот, а во листата на стрелци се запишаа Магри, Сиеро, Кресвел и Едџума.

Рен по првите 45 минути водеше со 1-0 со голот на Фофана, додека Монпелје немаше среќна, односно ВАР-технологијата му поништи два гола.

Гостинскиот тим ги казни грешките на ривалот во вториот дел, а во листата на стрелци се запишаа Сисе, Асињон и Калимуендо.

До триумф и три бодови стигна и Стразбур, кој со минимални 1-0 го „нокаутира“ Оксер.