
Дебаклот во Каменица му пресуди на Сенев, Брегалница го смени тренерот!
Штипскиот клуб информираше дека Трајче Сенев веќе не е нивни тренер, а тимот засега ќе го води помошникот Ристе Наумов.
„Денеска Трајче Сенев и ФК Брегалница спогодбено ја раскинаа соработката. На следиот меч, екипата ќе ја води помошникот Ристе Наумов“, се вели во соопштението на Брегалница.
Штипјани имаат амбиции да се вратат во Првата лига, но не започнаа најдобро во пролетниот дел од сезоната.