
Манчестер Сити добро се испоти за да го помине Плимут во ФА Купот (ВИДЕО)
Гостите поведоа со гол на Таловиеров во 38. минута, тоа беше шок на Етихад.
Во судиското продолжение од првиот дел Сити изедначи со погодок на Орајли.
Тимот на Гвардиола долго време се мачеше за да дојде до водство, тоа конечно се случи во 76. минута, повторно стрелец беше Орајли.
Кога Плимут тргна по израмнување, тоа го искористија домаќините и во 90. минута преку Де Брујне ги поставија конечените 3-1.