
Само посериозен тренинг за МЗТ Скопје против „фенерџијата“
За аеродромци овој меч беше само посериозен тренинг, имајќи предвид дека Дамјан Стојановски воопшто не се најде во составот, Војдан и Крстевски поминаа на теренмот само по 5-6 минути, а најголем простор за игра добија Миловановиќ и Андоноски. И во такви услови МЗТ Скопје беше апсолутно доминантен и победата во ниеден момент не беше доведена во прашање.
Вардар даде отпор во првата четвртина во која не му дозволи на МЗТ да направи повисока разлика, но сето тоа се смени веќе во вториот период. Домаќините го добија тој квартал со 28-10, па второто полувреме беше само формалност и можност „помладите“ кошаркари да поминат повеќе време во игра.
Миловановиќ ја искористи минутажата и постигна 16 поени што е безмалку четири пати над неговиот просек оваа сезона. Јилмаз со 13 поени беше најефикасен во тимот на Вардар кој е многу блиску до испаѓање од елитната конкуренција.