
Наполи се спаси од пораз во дербито, битката за титулата уште е жува (ВИДЕО)
Двете екипи кои се на врвот на табелата во италијанското првенство одиграа 1-1 во меѓусебното дерби и ја одржаа жива битката за шампионската титула. До четири минути пред крајот Интер беше во водство и ако успееше да победи, ќе му избегаше четири бода на својот ривал, на 11 кола пред крајот на сезоната. Вака, Интер се спаси и со оглед на тоа што има полесен распоред во финишот од првенството, може да биде презадоволен од конечниот исход.
Интер дојде во водство во 22. минута по фантастичниот гол од слободен удар на Федерико Димаро. Откако поведе, тимот од Милано тотално го неутрализира домашниот состав кој долго време не успеа да го загрози Мартинез. Сепак, по една одлична акција во 86. минута, топката дојде до Билинг кој шутираше, неговиот удар го одбрани Мартинез, но од вториот обид, играчот од средниот ред ја затресе противничката мрежа.
Во 97. минута, Мектоминеј имаше уште една изгледа шанса да му донесе и победа на Наполи, но неговиот удар беше изблокиран.