
Вардар без проблеми го совлада Тиквеш
Вардар ја контролираше играта од самиот почеток, а на полувреме замина со водство од 17-13, по што стана јасно дека кавадарчани ќе останат без бодови на гостувањето во Скопје.
„Црвено-црните“ продолжија во одличен ритам и во второто полувреме, додека Тиквеш се мачеше во нападот, па на крајот Вардар триумфира со 39-27.
Најефикасни во победничкиот тим беа Хориха и Петриќ со по шест голови, додека Анастасовски постигна осум погодоци за Тиквеш.