Преполовена казната на Мурињо по скандалот во Турција

Фудбалскиот сојуз на Турција ја прифати жалбата на Фенербахче и му ја преполови суспензијата на тренерот Жозе Мурињо, а исто така му ја намали паричната казна.

Мурињо ќе биде суспендиран на само два натпревари, а воедно ќе плати парична казна од 15.000 долари наместо 44.000 колку што беше првично предвидено.

Португалецот беше казнет поради погрдни зборови кои ги користел во дербито во Истанбул, по што беше обвинет и за расизам, меѓутоа Мурињо се спаси од драстична казна.