
Мајнц го шокира Лајпциг, Дортмунд лесно го победи Сент Паули
Симонс по само две минути донесе водство за „биковите“ кои го контролираа мечот во првтоо полувреме, но проблемите почнаа на стартот на вториот дел.
Мајнц со два гола за 13 минути во вториот дел, преку Амири и Буркарт, направи целосен пресврт и го зачува водството до самиот крај.
Борусија Дортмунд се мачеше да го пробие „бункерот“ на Сент Паули во првото полувреме, но конечно успеа во намерата во вторите 45 минути кога Гираси и Адејеми стрелаа за 2-0.
Останати резултати:
Бохум – Хофенхајм 0-1
Хајденхајм – Борусија Менхенгладбах 0-3
Вердер Бремен – Волфсбург 1-2