
РФМ најави изградба на нов ракометен дом
Стефанов посочи дека во првите две години е планирана изградба на нов ракометен дом, но и ќе вложат напори за промоција на женскиот ракомет.
„Сакам да изградиме систем на издржливост на нашиот спорт. Потребно е да работиме на инфраструктурата и нејзиниот развој. Во првите две години е планирана изградба на ракометен дом, кој ќе ги згрижи сите младински и сениорски категории. Еден мулти-функционален центар, кој ќе понуди сала, фитнес-центар, канцеларии. Ќе ставиме акцент и на женскиот ракомет, каде има голем простор на за напредок. Сакаме да формираме лига во мини-ракомет за деца од 8 до 12 години. Веќе разговараме и со неколку потенцијални спонзори и финансискиот аспект на федерацијата е во сигурни раце. Во план е генерален покровител на женската лига“, посочи Стефанов.