„Дембеле покажа како се води тим до успех и ја заслужи ‘Златната топка’“

ПСЖ го прегази Интер со 5-0 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот на францускиот гигант, Луис Енрике по натпреварот имаше пофални зборови за Осман Дембеле.

Французинот има извонредна сезона во дресот на парижаните и Енрике вели дека ја заслужил „Златната топка“.

„Дембеле ја заслужи ‘Златната топка’ со тоа како бранеше во финалето. Покажа како се води тим до успех. Ни помага со голови, а исто така е вистински лидер на теренот. Според мене, Дембеле е освојувач на наградата“, вели Енрике.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain