
Најдобрите за најважниот меч: Начевски и Николов ќе го судат дербито!
Пелистер најпрво му гостува на Алкалоид во среда од 19 часот, тој меч ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Но, каков и да биде резултатот во Автокоманда, титулата ќе се решава во сабота во СЦ „Јане Сандански“.
Таму Вардар ќе го пречека Пелистер, РФМ реши за овој натпревар да нема ждрепка кога се во прашање судиите, туку да им го даде на нашите најдобри арбитри, Ѓорѓи Николов и Славе Начевски.
Дерби натпреварот меѓу Вардар и Пелистер се игра во сабота со почеток од 19:30 часот.