Вардар ги пушти во продажба билетите за клучниот меч со Пелистер!

Од денеска се пуштени во продажба влезниците за мечот од последното коло во македонската ракометна Суперлига меѓу Вардар и Пелистер на кој ќе биде одлучен новиот шампион.

Натпреварот се игра во сабота, на 7 јуни со почеток од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Билетите чинат од 150 до 300 денари, а интересот за овој натпревар е голем, па се очекува брзо да бидат разграбани.

„Продажбата ќе се врши преку мрежата на МК Тикетс,
Онлајн – https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=6851

Преку продажните места на Мк Тикетс – https://mktickets.mk/prodazna-mreza/

Поради избегнување на метеж пред вратат, сугерираме навреме да се купат билети, најдобро онлајн или преку продажната мрежа на МкТикетс“, стои во соопштението на РК Вардар.