Скандалозна одлука на „Ролан Гарос“: За Ѓоковиќ суспензија, за Музети - ништо (ВИДЕО)

Скандал од огромни размери се случи вчера на „Ролан Гарос“, за време на дуелот меѓу Лоренцо Музети и Френсис Тиафо, во рамките на четвртфиналето.

За време на мечот, Музети нервозно удри едно топчо и тоа заврши во телото на една од линиските судии. Главниот арбитар на мечот не презеде ништо по тоа прашање, па италијанскиот тенисер не доби ни опомена за своето однесување.

 

 

Дури и Тиафо го забележа тоа и реагираше со гестикулација, а по мечот изрази разочарање за тоа што Музети не беше казнет.

Пред пет години, Новак Ѓоковиќ за сличен потег беше суспендиран и елиминиран од УС Опен. Тогаш, во осминафиналето, Србинот играше со Пабло Каарењо Буста, Ѓоковиќ случајно удри една од линиските судии, но таа падна и сугерираше дека се бори за воздух. По неколкуминутно разгледување на ситуацијата, мечот беше прекинат, а победата доделена на шпанскиот тенисер.