
Вучиќ ја нападна Црвена Звезда по поразот од Будуќност!
Вучиќ зборуваше за поразот на „црвено-белите“, кој се случи по неверојатната тројка со звукот на сирената на Мекинли Рајт.
„Ние на многу места немаме резултати. Тоа е исто кога анализирате спорт. Дали Звезда има поголем буџет од Будуќност? Има три пати поголем буџет. Шест до седум пати добија повеќе пари од државата, отколку Будуќност од Црна Гора. Изгубивте момци, ние лошо ги вложувавме тие пари“, кажа Вучиќ.
Фото: Facebook/KK Crvena zvezda