
Поранешен кошаркар на Кожув и Тиквеш суспендиран на три години поради - местење!
Станува збор за српски кошаркари од кои првиот е добро познат на македонската кошаркарска јавност. Ивеља мина неколку години настапувајќи во нашето првенство и тоа за Кожув во два наврати и за Тиквеш (поранешен Фени индустри) со кој играше во полуфиналето од плејофот во сезоната 2015/16. Христов, пак, иако има презиме кое асоцира на македонско потекло, сепак, нема играно во Македонија, туку само за српски нисколигаши како и за Црвена Звезда во младинската Евролига пред 15-тина години.
Двајцата добија тригодишна суспензија, која ќе трае до април 2027 година.