Распродажба во Лондон: Челси ова лето ќе избрка 14 фудбалери!

Актуелниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА, Челси ова лето планира да се ослободи од многу фудбалери, а британски „Гардијан“ го објави списокот за „отстрел“ од премиерлигашот.

Тренерот Енцо Мареска по разговорите со управата на „сините“ отпиша 14 играчи, а меѓу нив се Ѓорѓе Петровиќ, Жоао Феликс, Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Керни Чуквуемека, Лесли Угочукву, Рахим Стерлинг, Роберт Санчез, Кристофер Нкунку, Нони Мадуеке, Весли Фофана, Тревор Чалоба и Дузбери-Хол.

Мареска смета дека овие фудбалери не се покажале во вистинско светло и немаат доволно квалитет да играат за англискиот гигант, а тоа значи дека Челси ќе се откаже од фудбалери на кои потроши околу 500 милиони евра во изминатите години.

Челси имаше падови и успеси оваа сезона, па така на крајот го освои четвртото место во англискиот шампионат и се избори за место во Лигата на шампиони (ЛШ), а воедно Мареска со своите избраници ја освои и Конференциската лига на УЕФА.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club