Историска победа: Ѓоковиќ го декласира Нори за „стотка“ на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Камерон Нори со 3-0 во сетови, односно 6-2, 6-3 и 6-2 за пласман во четвртфинале на Ролан Гарос, а воедно ја запиша и 100. победа на турнирот на земјена подлога.

Првиот сет почна со лош сервис на двајцата тенисери, меѓутоа Ѓоковиќ освои два брејка повеќе од ривалот и стигна до убедливи 6-2.

Нори поведе со 2-0 во вториот сет, откако му го одзема сервисот на Србинот на стартот, но Ѓоковиќ во продолжение освои два брејка и направи пресврт (6-3).

Ѓоковиќ беше одличен и во третиот сет, каде што Нори повторно загуби два гема на свој сервис и му дозволи на Србинот да слави со 6-2.

Најдобриот српски тенисер за полуфинале на Ролан Гарос ќе се бори против Александер Зверев, кој лесно го мина претходното коло зашто Грикспор го предаде мечот.

Ѓоковиќ во кариерата има 100 победи на Ролан Гарос, 99 триумфи на Австралијан опен, додека на Вимблдон славеше на 92 меча, а на Ју-Ес Опен елиминира 88 ривали.

Фото: EPA PHOTO