
Куртоа дефинитивно отпадна за гостувањето во Скопје, селекторот повика замена за него
Според информациите од белгиските медиуми, тој има воспаление на долниот дел од грбот и ќе мора да паузира. Селекторот Руди Гарсија веќе повика замена за Куртоа и тоа голманот на Бриж, Нордин Јакерс кој ако настапи, ќе дебитира за националниот тим, но мора да се знае дека во конкуренција се уште тројца голмани: Сене Ламенс, Мартен Вандерворт и Матс Селс.
Куртоа долго време беше надвор од репрезентацијата поради конфликт со претходниот селектор, но се врати во март кога играше во плејоф дуелот од Лигата на нации против Украина. Со 103 настапи, тој се наоѓа на осмото место на вечната листа на фудбалери по бројот на одиграни натпревари во историјата на белгиската репрезентација.