Хабиб одби да се ракува со новинарка, по што таа му се – извини (ВИДЕО)

Познатиот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов, привлече внимание на финалето на Лигата на шампионите (ЛШ), откако одби да се ракува со новинарката на американска телевизија, Кејт Абдо.

Нурмагомедов, познат по својата посветеност на Исламот, по завршувањето на натпреварот меѓу ПСЖ и Интер (5-0), се појави во импровизираното студио на „Си-Би-Ес“, каде што беа присутни фудбалските легенди Тјери Анри, Џејми Карагер и Мајк Ричардс, заедно со водителката Абдо. Додека со сите машки членови од екипата се поздрави срдачно и со ракување, кога Абдо му ја подаде раката, Хабиб стави рака на срцето и одговори кратко: „Ви благодарам“.

Новинарката реагираше професионално, со насмевка и разбирање.

„Мило ми е што ве гледам. Добредојдовте во емисијата“, рече таа, а потоа додаде: „Извинете“, свесна дека поздравот нема да биде со ракување.

Ова не е првпат Нурмагомедов да одбие ракување со жена – неговото однесување е доследно на исламските прописи, кои на мажите не им дозволуваат физички контакт со жени кои не им се роднини. Слични ситуации биле забележани и на претходни јавни настани.