Битка за Купот: Вардар брка 17-ти трофеј, Пелистер по 20 години сака да ја израдува Битола!

Ракометарите на Вардар и Пелистер денеска со почеток од 17.30 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе одиграат уште едно дерби во кое ќе водат битка за трофејот во Купот на Македонија.

Двете екипи не стигнаа лесно до борбата за трофејот, Вардар се намачи со Алкалоид, па дури преку пеналите стигна до триумфот, Пелистер од друга страна тешко успеваше да го скрши отпорот на храбриот и цврст Охрид, па мечот се до финишот беше во егал. За разлика од вчерашното полуфинале од редовите на Вардар денеска очекуваат и поголема поодршка од „Комити“ од каде што и има најавено 150 навивачи, исто како и од спротивниот табор. Дека вардаровите навиваачи е од голема важност за тимот потенцираше и Милан Лазаревски по вчерашното полуфинале.

„Мора прво да се консолидираме, а дури потоа ќе се насочиме кон финалето. Ќе направиме добра анализа. Навистина ова беше тензичен натпревар, се направи набој уште од стартот меѓу играчите. Мило ми е што и покрај такви околности извојувавме победа на пенали. Мислам дека малку на крајот нè посака среќата, а секако ќе ја анализираме средбата за да направиме добар план за утрешното финале.  Нашите навивачи се зад нас и во добро и во лошо, не треба ништо посебно да им порачам. „Комити“ знаат да си ја вршат својата задача и нивната улога е и тоа како битна во нашиот успех како тим“, изјави Лазаревски.

Но, Пелистер предолго чека на трофеј во купот на Македонија последниот го освоија во 2005 година, па поради тоа и трофејот во Битола силно се посакува

„Ќе играме пред многу публика, нѐ очекува вистинско дерби и финале. Одиме да го освоиме трофејот кој 20 години недостига во Битола“, порача голманот Митревски.

Вардар последниот го освои пред две години, а денеска ќе се обиде да дојде до својот 17-ти трофеј. Пелистер од друга страна вкупно пет пати бил освојувач на куп-трофејот. Ќе потсетиме, минатата година трофејот го освои Алкалоид.

ВАРДАР: 1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021, 2022, 2023

ПЕЛИСТЕР: 1995, 1996, 1998, 1999, 2005