Триумфот на ПСЖ го претвори Париз во воена зона – оган, крв и многу ранети (ВИДЕО)
Во текот на ноќта, уапсени се 130 лица, а во акцијата за смирување на ситуацијата биле ангажирани околу 5.400 полицајци. Најголемите инциденти се случиле околу стадионот „Паркот на принцовите“, каде што беше организирано јавно следење на натпреварот. Навивачите користеле пиротехника и се судриле со полицијата, која возвратила со солзавец. На повеќе локации низ градот биле подметнати пожари, а запалени биле и неколку возила.
Во нередите биле повредени и пешаци, откако едно возило влетало во толпа луѓе. Иако се забележани лесни и потешки повреди, засега нема официјални информации за животно загрозени лица. Хаосот бил искористен и од крадци, кои опустошиле неколку локални продавници. На една видео снимка може да се види како автомобил удира мотоциклист, кој потоа завршува на покривот од возилото. Инцидентите започнале уште за време на првото полувреме од натпреварот, а сцените на насилство и уништување се шират преку снимки што пристигнуваат од саботата навечер.
Интересно е што ПСЖ уште пред почетокот на натпреварот ја заштитил својата официјална продавница во Париз, покривајќи ги излозите со дрвени панели – како да претчувствувале што ќе се случи.
ФОТО: EPA PHOTO