И помошникот на Енрике плачеше по финалето – делат слична тажна судбина (ВИДЕО)

ПСЖ ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите со убедлива победа над Интер (5-0), но славјето на клупата беше поматено од емотивен момент на асистентот на Луис Енрике, Рафаел Пол.

Камерите го забележаа Пол во солзи на клупата кон крајот на финалето на „Алијанц Арена“, иако се чинеше дека вниманието е насочено кон тренерот Енрике и неговата посвета на победата за покојната ќерка Хана. Причина за солзите на Пол слична трагедија, која е понова. Тој во ноември ја загуби својата сопруга Ракел, која почина по долга борба со неизлечива болест. Болката сè уште е свежа, а моментот на најголема спортска радост го доживеа без личноста која најмногу ја сакаше.

Неговата емоционална реакција, искрени солзи и погледот кон небото ја трогнаа јавноста. Интернетот беше преплавен со пораки на поддршка и сочувство за човекот кој стоеше во сенка на големиот успех на ПСЖ. Небото, како што велат многумина на социјалните мрежи, сигурно гордо ги гледа и Ракел и Хана – сопругата на Пол и ќерката на Луис Енрике.