Вардар не успеа да го пробие „бункерот“ на Беса во Скопје (ФОТО)
Вардар нападна од самиот старт, но првата посериозна шанса ја имаше во 19. минута кога Закариќ не успеа да го изненади противничкиот голман од корнер.
Беса трпеливо ја чекаше својата шанса и конечно ја дочека во 39. минута кога Стојановски испрати удар кон голот на „црвено-црните“, но мрежата на Талевски остана недопрена.
Скопскиот тим продолжи да напаѓа во второто полувреме и создаваше шанси кон голот на Захов, меѓутоа голманот на Беса беше на висина на задачата до последниот судиски свиреж.
Вардар по 21 одигран меч се наоѓа на деветтото место со 17 бодови, додека Беса е претпоследна со 15 поени.