Стефанов: Ќе направам сè за да оствариме нови успеси со Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска го доби Александар Стефанов како нов претседател, кој доаѓа на местото на Живко Мукаетов.

Стефанов едногласно беше избран за нов прв човек на РФМ, а во своето прво обраќање кажа дека сака ракометот да остане спорт број 1 во државата.

„На ова столче седеле претседатели кои низ годините оставиле голем белег. Сите заедно да придонесеме денес ракометот како национален спорт да остане број 1. Јас оваа функција ќе ја извршувам про боно, без никаков надомест и ќе направам сè за да продолжиме да градиме нови успеси. 26 години сум во ракометот, дел како ракометар, па како генерален спонзор на РФМ, член на Управен одбор. Ракометот ми е и ќе ми биде најголем мотив и пасија во иднина да работиме за подобри услови за развој на македонскиот ракомет“, кажа Стефанов.