Убава вест за Манчестер сити: Родри се врати на тренинг (ВИДЕО)

Манчестер сити има сезона за заборав затоа што речиси дефинитивно ја загуби трката за титулата во Премиерлигата, а имаше и големи проблеми со повреди.

Една од најтешките повреди ја имаше Родри, кој се планираше да го пропушти остатокот од сезоната, меѓутоа Шпанецот сега се вратил на тренинг.

Според англиските медиуми, Родри ќе биде подготвен пред крајот на сезоната и се очекува негов настап, иако тренерот Пеп Гвардиола кажа дека мора да бидат внимателни.